Реконструукцијата на охридската општа билница што ја изведува фирмата „ВИА“ од Вевчани, е во завршна фаза. Новото болничко крило доби модерен изглед, а според најавите градежните работи ќе завршат пред предвидениот рок, декември 2012.


Готова фасадата на новото болничко крило

Според најавите на Министертвото за здравство болницата во Охрид со новиот објект, опремата која ќе се набави и кадровското доекипирање, ќе прерасне во регионален здравствен центар кадар каде ќе се лекуваат и пациенти од соседните држави.

Целокупната инвестиција се проценува на околу 260 милиони денари.

OhridNews