Екипата на Манчестер Сити ќе ја продолжи традиција и со „шпалие“ ќе го поздрави Ливерпул кој е нов шампион во Премиер лигата. Традицијата вели дека екипата која е шампион се поздравува на првиот натпревар откако математички ќе ја обезбеди титулата. Судбината сакаше стариот да го поздрави новиот шампион.

Се разбира дека ќе го поздравиме шампионот со сите почести како што доликува. Ливерпул направи многу оваа сезона и нашиот поздрав е најмалку што може да направиме. – изјави Пеп Гвардиола.

 

Дербито на Етихад се игра в четврток со почеток во 21 часот и 15 минути.

OhridNews