Граѓански инспекциски совет при Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска ќе и биде претставен на јавноста. Целта на советот е поефикасна соработка на Инспекторатот со граѓанскиот сектор.

Граѓанскиот инспекциски совет е формиран поради потребата за поефикасна соработка на ДИЖС со граѓанскиот сектор, која ќе придонесе за размена на знаења и искуства, но и за поголемо граѓанско влијание врз Инспекторатот и другите јавни институции за подобрување на инспекцискиот надзор и намалување на загадувањето.
OhridNews












