Според информациите од СВР Охрид, ограбувачот со фантомка на главата и пиштол за кој постојат сомневања дека не бил вистински, влегол во маркетот и со закани ја приморал вработената да ја отвори касата од која зел засега неодредена сума пари, по што избегал во непознат правец. Во грабежот нема повредени.
На местото на настанот увид изврши крим полицијата, која работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на ограбувачот.