Општина Охрид ќе го поддржи пица мајсторот Дејан Трајанов-Чеде за претстојниот натпревар во Бугарија, беше соопштено на денешната остварена средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

На мое големо задоволство денес остварив средба со Дејан Трајанов – Чеде кој на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освои златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник. Му честитам за постигнатиот успех, вели во објавата на фејсбук профилот градоначалникот Пецаков.

Општина Охрид, се додава во објавата, ќе го поддржи за претстојниот натпревар во Република Бугарија, кој треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија.

OhridNews