– Генералниот директор Дане Кузмановски се сретна со добитникот, чија волја за анонимност ја почитуваме. Добитникот на втората 7-ка на Државна лотарија на Македонија е скромен семеен човек со ведар дух, на возраст од 50-ина години, по професија градежен работник, кој иако уплатата ја извршил во Битола, сепак не е битолчанец, соопшти Лотаријата.
Добитникот уплатил две ливчиња со по 10 комбинации, од кои едното вреди 100.000 евра.