На повеќе локации во градот, несовесните граѓани и градежните фирми при своите зафати, зад себе оставаат градежен шут кој само го нагрдува изгледот на градот.

Таков е случајот и на улиците „Сирма Војвода“ и „Дејан Војвода“, каде веќе подолг врменски период стојат остатоци од градежен шут и ѓубре.

Жителите од овој дел на градот велат дека неколкупати апелирале до надлежните да се остранат депониите, но глетката се уште е непроменета.

О.Т.