Деновиве на булеварот Туристичка започнаа градежни работи за подземно поставување на оптички кабли. Како што информираат од Локалната самоуправа станува збор за поголем проект на АД Македонски пошти, за спуштање на оптичките кабли. Активностиите е предвидено да продолжат и на улиците 7- ми ноември, Питу Гули, Јане Сандански.



Изработениот проект претходно бил испратен до Локалната самоуправа од каде е дадено одобрение за негово изведување, со обврска изведувачот по завршувањето на градежните работи улиците да ги врати во првобитна состојба.

OhridNews