За оваа година, познатиот бренд „Адора Инженеринг“ очекува да ја надмине минатогодишната бројка од 250 продадени станови и да забележи пораст на продажбата од пет до десет отсто на ниво на Македонија.
Како што изјави првиот човек на „Адора Инженеринг“, Ванчо Чифлиганец, бизнис климата во градежниот сектор во земјава секоја година се подобрува.
„Адора инженеринг гради квалитетно, брзо и со самодоверба. Веќе 11 години постоиме на пазарот и до сега имаме проектирано, изведено и продадено 1650 станови. Кога имате згради кои се најдобри, најстабилни, геомеханички, асеизмички и енергетски ефикасни, односно кога нудите такви станови, нормално дека продажбата ќе биде поголема.“ – вели Чифлиганец.
Според него, најцврста валута и најдобра инвестиција во земјава претставува квалитетната недвижина како што е случајот со „Адора Инеженеринг“, без разлика за која општина се работи.
„Во овие 11 години постоење ги подигнавме стандардите во градбата. Градиме квалитетно и нашите купувачи можат тоа да го увидат и затоа имаме предност пред нашата конкуренцијата која ја почитуваме.“ – додава Чифлиганец.
„Адора Инженерионг“ постојано ги применува современите иновации во градбата за побезбедно, поквалитетно и долгорочно поекономично домување, и е единствен супербренд во Македонија од областа на градежништвото.
O.T.