Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски денеска изврши увид во градежните активности на проектот “Изградба на регионален колектор за одведување отпадни води за с.Мешеишта, с. Климештани, с.Требеништа, с.Волино и с.Горенци”. Станува збор за изградба на колекторски систем за отпадни води кој се протега покрај реката Сатеска, во должина од 8.25 км со вкупно 200 бетонски шахти. Инвестицијата е во вредност од околу 250.000,00 евра.

– Градежните активности се одвиваат согласно динамиката предвидена со договорот за изградба на колекторскиот систем, односно во овој момент се поставени 2,8 км канализациони цевки со дијаметар од 400мм и е извршено бетонирање на 27 шахти. Со изградбата на овој колекторски систем ќе се стави во функција веќе изградената канализациона мрежа во с.Мешеишта, а исто така ќе се направат услови за идно поврзување на канализационите мрежи за с. Климештани, с.Требеништа, с.Волино и с.Горенци, велат од локалната самоуправа.

За канализациона мрежа во с.Горенци обезбедени се средства за изградба, извршен е избор на најповолен изведувач и се очекува да започне изградба. Должина на канализациона мрежа е 7.6 километри со која ќе се изградат 236 шахти. Инвестиција од 19.934.562,44 денари или 325.000,00 евра.

OhridNews