
Во решението издадено од Управата, му се наредува на имателот на заштитеното добро да постапи според конзерваторското одобрение каде е наведено дека работите по ова одобрение може да се изведуваат врз основа на правосилно одобрение согласно прописите за градење.
-Се задолжува имателот на заштитеното добро Али Пашина џамија во Охрид, ИВЗ – Муфтивство Охрид:
2.1 Да постапи согласно став 1 од решението веднаш по приемот на истото и да обезбеди одобрение согласно прописите за градење од Министерството за транспорт и врски.
2.2 За преземените дејствија веднаш, осносно во рок од три дена, да се извести инспекторатот за културното наследство при Управата за заштита на културното наследство. – стои во решението на Управата за заштита на културното наследство.
Од Здружението на граѓани Совест, кое го оспорува начинот на кој се изведуваат градежните работи на Али Пашината Џамија, со образложение дека се загрозува вредно културно наследство од други периоди пронајдено на оваа локација, велат дека со ваквото решение се потврдуваат нивните тврдења дека преземените активности на заштитеното добро се одвиваат без потребната дозвола, за што тоа неодамна поднесе кривични пријави против актуелни и поранешни раководители на институции од областа на заштитата на културата.

И покрај обидите, не добивме став од Министерството за култура. Во соопштеноето што институцијата го издаде на 7-ми овој месец стои дека е формирана комисија од стручни лица, која ги испитува околностите во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија и дека ќе биде доставено барање до УНЕСКО за стручно мислење – дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот во такви димензии.
OhridNews











