Охридскиот преставник во втората македонска фудбалска лига, Охрид Лоте во 1/16 финалето од Купот на Македонија ќе ја има најтешката задача. На “Атина Бојаџи“ гостува актуелниот првак во шампионатот тетовска Шкендија, а капка надеж за охриѓани влева слабата форма на “црвено-црните“ во почетокот на сезоната.


Струшкиот бисер Караорман кој се натпреварува во третата лига по ранг на градскиот стадион ќе го пречака вториот тим од Тетово, Ренова додека ЕуроМилк за пласман во 1/8 финалето ќе се бори со Вардар. Бранителот на трофејот Металург походот кон нов пехар го започнува од Руфеја.


Поради откажувањето на Преспа екипата на ГФК Тиквеш директно патува во 1/8 финалето и дуелот помеѓу Могила и Работнички ќе биде презакажан за неодредено време. “Романтичарите“ утре го играат натпреварот со Лацио во Лигата на Европа.

Двојки во 1/16 финале:

    16:00 ч
Љуботен

Гостивар

 – 
 
    16:00 ч
Могила – Би Милк

Рaботнички

Натпреварот ќе биде презакажан
 
    16:00 ч
Охрид Лоте

Шкeндијa

 – 
 
    16:00 ч
Локомотива Бен.Екс.

Нaпредок

 – 
 
    16:00 ч
Маџари Солидарност

Скoпje

 – 
 
    16:00 ч
Караорман

Ренова

 – 
 
    16:00 ч
Преспа

Тиквеш

ФК Преспа се откажа од Купот на
 
    16:00 ч
Василево

Силекс

 – 
 
    16:00 ч
Баби

Брегалница 2008

 – 
 
    16:00 ч
Карбинци

11 Октомври

 – 
 
    16:00 ч
Победа – Јуниор

Хоризонт Турново

 – 
 
    16:00 ч
Дрита

Миравци

 – 
 
 

 

16:00 ч
Руфеја

Металург

 –