Охрид Лоте го претрпе првиот пораз во сезоната на гостувањето кај новиот лидер Миравци. Охриѓани беа поразени минимално со 1-0, и тоа со удар од белата точка.
“Градежниците“ натпреварот го завршија со девет играчи во поле. Прво во 28 минута Абди при прекршокот за најстрогата казна беше исклучен, во 77 минута втор жолт, автоматски црвен заработи играч за врска Димоски.
Неколку минути подоцна главниот судија Јакимоски го исклучил и шефот Трифуноски, кој негодувал на одлуките донесени на штета на охриѓани.
Случајно или не, на Јакимоски не му е прв пат слабо да води еден натпревар на кој игра охридска екипа.
Пред три сезони Јакимоски на мечот на “Билјанини Извори“, меѓу Охрид и Нов Милениум кој заврши 1-3, им покажа црвени картони на Иваноски и Маркоски по што беше нападнат од страна на тогашниот претседател Сашо Алче, за што Охрид заработи суспензија на теренот од два натпревари.
Истиот овај судија , син на познатиот интернационалец Делчо Јакимоски на гостувањето на Охрид кај Нов Милениум, наредната сезона исклучи двајца фудбалери на ФК Охрид. Тогаш предвреме мечот го завршија Исаку поради втор жолт, како и голманот Абди поради директен црвен картон. Јакимоски го “вцрвена“ Охрид
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.