Охридскиот второлигаш Охрид Лоте ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. “Градежниците“ на стартот во зависно од временските услови ќе тренираат на помошните терени и атлетската тартан патека, додека во втората фаза планирани се повеќе пријателски средби со екипи кои ќе дојдат во Охрид на подготовки.

Примарна цел на клубот сезонава ќе биде да се зачува второлигашкиот статус. Составот на Триуфноски во есенскиот дел собра 18 бода што беа доволни само за 12 место на табелата. 

М.П.