Хокеарите и боксерите од охридските клубови остварија средба со градоначалникот Александар Петрески и советникот Јоне Станковски. Од кабинетот од градоначалникот им честитаа за освоените успеси на државно и меѓународно ниво.

Градоначалникот Петрески им вети помош за што подобри услови за тренинг и набавка на спортска опрема. Општина Охрид, во рамки на своите можности, редовно ги финансира сите спортски клубови и помага во развојот на спортот во Охрид.

Ohridnews