– За многу кратко време во Охрид се организираа два масовни и квалитетни турнири. Морам да ги поздравам сите фудбалски школи, а посебно за родителите кои одделија време во зимскиот распуст да ги пуштат своите деца да учествуваат на турнирот во Охрид. На фудбалските школи им посакувам многу работа,а на дечињата успех и голови на турнирот – потенцираше градоначалникот Петрески на отварањето на турнирот.
Првиот круг натпревари од турнирот “Охрид куп 2013“ се играат денеска додека вториот круг и финалните мечеви на програмата се в петок.