Триесетина дечиња кои се на болничко лекување на Детските одделениja при Охридската Oпшта болница и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ,,Свети Еразмо’’ денес се израдуваа на новогодишните пакетчиња кои им ги подели градоначалникот на Општина Охрид, д-р Никола Бакрачески.

-Во рамки на нашите активности на крајот од секоја година и во насока на одбележување на новогодишните празници, оваа година решивме да дадеме свој придонес во зголемувањето на нивото на радост и среќа на најмладите кои што во овие предновогодишни денови се наоѓаат на лекување, изјави градоначалникот Бaкрачески.

Тој најави дека во рамки на наредните неколку дена, новогодишни пакетчиња ќе им бидат поделени и на дечињата од социјално загрозените семејства и децата со посебни потреби од Охрид.

OhridNews