Градоначалникот на Охрид, Д-р Никола Бакрачески со удар кон голот го пушти во употреба Спортскиот центар „Климент Колески“. Спортскиот центар, кој ќе биде големо освежување за спортот и рекреативците во Охрид е изграден по ултра модерни стандарди.


Спортскиот центар кој се наоѓа во склоп од Основното училиште „Григор Прличев“ од другите спортски сали во Охрид се разликува по тоа што теренот е од вештачката трева и е приспоблива за сите генерации.

– Сакам да им честитам на инвеститорите што желбата на охриѓани за Спортски центар ја направија реалност. Како прв човек на Охрид ќе ја поддржувам секоја идеја за инвестирање во спортот во нашиот град. Сите кои ќе влезат во оваа сала нека го носат духот, карактерот и ведрината која го красеше нашиот драг пријател и другар Климент – рече Градоначалникот, Никола Бакрачески.


По свеченото отварање фудбалери од охридските школи одиграа ревијален натпревар, кој беше поздравен од сите присутни во новиот ултра модерен Спортски центар „Климент Колески“.

Мх.П.