Во рамки на посетите на месните заедници кои ги реализира градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во 17 часот ќе го посети охридското село Куратица. По 18:30 часот ќе ги посети селата Вапила и Ливоишта, а во и 19:30 часот ќе оствари средба со жителите на селото Косел.

Покрај соработниците на градоначалникот, на средбата ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија.

Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

OhridNews