Бесплатен превоз до локациите каде што ќе се одвиваат нивните редовни активности и решавање на просторниот проблем им вети градоначалникот Никола Бакрачески, на членовите на ,,Здружението на деца заболени од дијабет Б-1’’. Во рамки на денешната средба која се одржа во просториите на Општина Охрид, охридскиот градоначалникот му предложи на здружението, идните едукативни активности да ги одржува во ,,Заводот за кардиоваскуларни заболувања” во Охрид.
-Во тој поглед една од варијантите кои што денес ги разгледавме се постоечките капацитети на Заводот за кардио – васкуларни заболувања кои што имаат 13 годишна традиција во континуирана медицинска едукација и во тие рамки во институцијата редовно се зборува за ризик факторите, а еден од нив е дијабетот. Сега тие едукативни активности можеме да ги прошириме и во делот на едукација на родители и семејства кои што имаат деца заболени од дијабет тип Б- 1 , рече Бакрачески.
Во завршниот дел од средбата, охридскиот градоначалник заедно со претставниците на Советот на Општина Охрид им подели и новогодишни пакетчиња на децата од ова здружение.
OhridNews