Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, утре, пред јавноста ќе даде отчет за досега сработеното, во изминатите четири години од неговиот мандат.
За сработеното Бакрачески ќе говори на јавниот настан закажан во 12 часот, што ќе се одржи во голема сала на Општина Охрид. Се покануваат граѓаните и другите заинтересирани субјекти, да бидат дел од презентацијата на отчетот.
OhridNews












