Градоначалникот на Константин Георгиески се сретна со охриѓанецот Никола Чорбески, кој годинава го извади светиот крст од осветената вода во црквата “Свети Никола Геракомија”, во рамки на црковните чествувања по повод православниот празник Богојавление Водици. Тој во име на Општина Охрид упатив честитки до фаќачот на крстот, посочувајќи го зголемото начење на оваа духовна традиција.

Иако поради актуелните здравствени протоколи изостана официјалната организација на традиционалната манифестација на градското пристаниште, празникот Богојавление помина во духот на хуманите вредности, со надеж и желба дека догодина ќе имаме можност посвечено и достојно да го прославиме. – истакна во објавата на социјалните медиуми градоначалникот Георгиески.

OhridNews