-Во името на граѓаните од Охрид , најискрено Ви го честитам Божиќ и Ви посакувам добро здравје , љубов и радост во вашите домови.Нека добрата мисла и почитување Ве водат низ животот , зошто само добрината ја гради иднината- се вели во честитката на градоначалникот Петрески.
Честитка упатува и претседателот на советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, кој на граѓаните со католичка вероисповест им го честита Божиќ.
-Најискрено Ви го честитам празникот и Ви посакувам многу љубов, верба , добро здравје и радост во вашите домови. Големиот празник поминете го со најблиските и со пријателите,зошто само така може да се сподели чуството на љубовта и почитувањето- се вели во честитката на претседателот на Советот Јаковчески.