По повод верскиот празник Курбан Бајрам, Градоначалникот Александар Петрески  упати честитка  до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед.

-Ви  посакувам овој голем  празник  да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните.

Курбан Бајрам е празник на солидарноста и зближувањето, ден кога благосостојбата и подава рака на сиромаштијата, ден кој ги потенцира сите човечки доблести. Токму во овој дух нека помине и годинешново празнување.

Верувам дека граѓаните со исламска вероисповед од Охрид, како нераскинлив дел од македонското општество и понатаму ќе бидат активни чинители во градењето на соживот и меѓусебно разбирање- се вели во честитката на градоначалникот Александар Петрески до граѓаните со исламска вероисповед.

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед испрати и претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески

-На сите граѓани од исламската вероисповед им го честитам муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам и им посакувам многу здравје, успех и среќа.

Верувам дека и на ова празнување на Курбан Бајрам, ќе го потврдите  традиционалниот дух на хуманоста, толеранцијата и хармонијата во меѓусебниот соживот, како универзални цивилизациски  вредности.

Дозволете во оваа пригода да истакнам дека духот на толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување се темелите врз кои заеднички треба да  ја градиме  иднината- се вели во честитката на претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески до граѓаните со исламска вероисповед.

OhridNews