Делегација од  општина Охрид, предводена од градоначалникот  Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, се наоѓа во работна посета на збратимениот град  Јалова, Р. Турција, каде  оствари  средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал.

На средбата беа разгледувани потенцијалните можности за отпочнување на заедничка соработка во делот на туризмот, особено банскиот туризам,при што стана збор и за интензивирање на стопанската соработка, односно остварување на поблиски контакти помеѓу бизнис  секторите од овие два града.


Градоначалникот Бакрачески ги презентираше поволностите кои ги нуди Владата на РМ за потенцијалните странски инвеститори во  општините ширум Македонија.

На средбата беше разговарано и за раководењето со локалните самоуправи како приоритет за зачувување на имиџот на градовите како туристички и културни центри и разменување на искуства во повеќе сегменти во општественото работење.


Во рамки на посетата предвидено е делегацијата на општина Охрид да ја посети Стопанската комора на Јалова, каде претставниците на локалните власти ќе  остварат работна средба со претставниците на бизнис секторот.

OhridNews