Делегација на Локалната самоуправа и Советот на општина Охрид предводена од Градоначалникот Александар Петрескиго посети седиштето на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца каде со раководството на организацијата разговараше за некои актуелни состојби и проблеми на организацијата.Притоа, на обострано задоволство беше и констатацијата дека соработката се одвива на завидно ниво, а ќе продожи и во наредната 2011 година кога се одбележуваат два значајни јубилеи од поблиското и подалечното минато на Република Македонија : 70 години од народното востание на Македонија и 20 години независна и самостојна Република Македонија.-информираат од Сојузот на борците.












