На средбата градоначалникот Петрески му се заблагодари за неговата посета во Охрид со надеж дека ќе продолжи веќе воспоставената соработка и интересот на македонската дијаспора да инвестира во Охрид, особено во областа на туризмот.
Градоначалникот Петрески изрази и благодарност за гостопримството кога делегацијата на општина Охрид беше во посета на Австралија и на македонската дијаспора . Во знак на благодарност, градоначалникот на гостите од Австралија им подари фотографии со мотиви од Охрид.