Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, оствари средба со жителите на селото Велмеј со цел да слушне кои се проблемите со кои тие тековно се соочуваат и се од приоритетно значење за животот во Велмеј.
Трајкоски информира околу активностите за завршување на каптажата на изворите ИСТОК каде што имаше понирање на водата, како и дека во наредниот период е предвидено партерно да се уреди просторот околу изворите . Градоначалникот пренесе дека наскоро ќе се изврши и тампонирање на полски пат кој им е од витално значење на жителите од с.Велмеј. На средбата стана збор и за доизградбата на водоводната мрежа.
Присутните побараа информација околу легализацијата на бесправно изградените објекти, при што од страна на Градоначалникот Трајкоски беа известени дека рокот за комплетирање на документацијата е до крајот на јуни 2014година. Во наведениот период сите тие што имаат поднесено барање за бесправно изградени објекти, треба да ги подготват документите со цел комисијата за легализација во општина Дебарца да излезе на терен.
Од страна на Градоначалникот присутните беа запознаени и за донесената одлука од страна на Министерството за Земјоделие за продолжување на рокот за поднесување на барања за субвенции, односно дека сите оние кои не успеале да аплицираат, имаат можност да поднесат апликација за користење на субвенции до 20- ти октомври.
OhridNews