Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на општина Дебрца,  Игор Трајкоски, оствари средба со жителите на с.Волино, каде што беа презентирани активностите и плановите кои ви иднина ќе бидат реализирани од општината.

Присутните беа запознаени со реконструкцијата на полигонот за мал фудбал, изградбата на новото училиште каде што општината вложи дополнителни 600.000 денари за приклучување на електричната и водоводната мрежа, како и партерното уредување.

Од планираните активности, Трајкоски посочи дека ќе се работи на урбанистички план во ова село, бидејќи до сега воопшто не постои урбанистичка документација, а  со новите правила без истата не ќе може да се издаде одобрение за градба. Исто така, беше посочено и прашањето за водоснабдување на селото, бидејќи во летниот период се јавува недостаток на вода за пиење.

Жителите беа запознаени и за поднесениот проект во министерството за транспорт и врски, за изградба на регионален колектор во должина од 8 километри во кој ќе бидат опфатени и отпадните води од село Волино.

OhridNews