Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес пред јавноста излезе со отчет за сработеното во изминатите четири години. Како што истакна градоначалникот, во Општина Дебрца, во изминативе години, сработени се многу проекти. Изградени се вкупно 22 улици, реконструирани се вкупно 9 водоводни мрежи и реконструкција на водоводни системи, изградени се вкупно 4 канализациони системи, реконструирани и изградени се 5 основни уличишта од вкупно 11 основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Дебрца, изградено е ново основно училиште во Волино, а реконструирани се основните училишта во Требеништа, Ботун, Лешани и Оровник.
– Изградени и реконструирани се вкупно 7 повеќенаменски и фудбалски игралишта, и тоа изградени се нови фудбалски игралишта во Оровник и Горенци, реконструирани се игралиштата во Ботун и Волино, а исто така извршена е реконструкција на фудбалските игралишта за голем фудбал во Злести, Волино и Белчишта. Реализирана е изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци, фекална канализациона мрежа во село Мешеишта, фекална канализациона мрежа во село Горенци, резервоар за вода и Реконструкција на водоводна мрежа во село Требеништа, изградба на Спортска сала “АМИНТА ИИИ” во село Требеништа, рече Трајкоски.
Во рамки на отчетот, Трајкоски додаде дека изградени се и пешачка патека покрај Охридското езеро во Оровник, ново учичиште во Волино.
– Денес после 4 години од преземањето со управување на Општина Дебрца, почнувајќи од самиот почеток се поставија приоритетните проекти, активности и мерки кои беше неопходно да се преземат и имплементираат, со една заедничка крајна цел, обезбедување на директни придобивки и подобрени услуги за целото население во Општина Дебрца, рече Трајкоски.
Градоначалникот на Дебрца истакна дека негова желба е Општина Дебрца да стане едно пристојно и посакувано место за живеење, што може да се постигне со заедничка работа.
OhridNews












