По повод, новогодишние празници, градоначалникот Александар Петрески, деновиве ја оствари традиционалната средба, со членовите на охридските Здруженијата на слепи, глуви и наглуви лица.
На средбата, покрај тоа што се разговараше за активностите на здуженијата во изминатава година, стана збор и за идните планови кои ги имаат охридските локални власти, со цел да ја подобрат положбата на овие категории граѓани.
На крајот од средбата градоначалникот додели и новогодишни пакетчиња, за децата од членовите на овие здруженија.












