Градоначалникот на Охрид Александар Петрески , со спектакуларен огномет им ја честита победата на македонските кошаркари над фаворизираниот тим на Грција.


-Во името на граѓаните на Охрид Локалната самоуправа организира голем огномет кој и доликуваше на големата победа на македонските кошаркари . Тие ја поразија екипата на Грција и најверојатно оваа победа е вест на денот во светската спортска јавност. Огнометот е дел од мојата официјална честитка до македонската кошаркарска репрезентација – изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Ohridnews