Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, не го слушаше говорот на премиерот Никола Груевски на свеченоста по повод предавањето во употреба на реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“. Навреден што премиерот во поздравното обраќање не го спомна неговото име како домаќин, Петрески стана и ја напушти свеченоста. Груевски го одржа говорот, а столчето на кое во првиот ред седеше градоначалникот Петрески остана празно.


Градоначалникот на Охрид ја напушти свеченоста на говорот на премиерот

OhridNews