По повод Божик – денот на раѓањето на Исус Христос, празнична честитка до православните верници упати градоначалникот на општина Дебарца. Во честитката се вели:

„Христовото раѓање е најзначаен миг кој допринесува мир, спокојство и благодет. Низ ваквите вредности човештвото станува посилно во своите верувања и чекори по вистинскиот пат. Ние денес одејќи по божјиот пат го славиме божјото раѓање. Токму поради тоа дозволете ми од мое име и од локалната самоуправа -Општина Дебарца да Ви го Честитам Големиот христијански празник – Божиќ. Христос се роди! Исто така дозволете ми да Ви искажам искрени честитки со надеж за просперитет, мир, благосостојба, здравје, љубов, се она што го симболизира овој голем празник.

За многу години!“ -стои во празничната честитка од градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајковски.

OhridNews