Градоначалникот на Поградец сака да го воведе македонскиот јазик во училиштата
27.07.13 15:36
Градоначалникот на Поградец, Артан Шкмби порачал дека би сакал да го види македонскиот јазик во тамошните училишта, и покрај тврдењата дека Албанија не ги исполнува препораките на Советот на Европа (СЕ), околу образованието на мајчин јазик на малцинствата, пренесува „Макфакс“.
„Ние како локална власт сме поотворени за барањата на малцинствата, ако тука јас слушнав дека правите барања за отварање на неколку класови за изучување на јазикот на некое малцинство и министерството се колеба да го одобри или попречува овој процес, ние сме многу поотворени затоа што пожелуваме да ова нешто се случи во нашит градови.“ – изјавил Шкмби на тркалезната маса по повод Рамковната конвенција за заштита на малцинствата во Москополе, Албанија.
Претставникот на македонското малцинство во земјата, Васил Стерјовски нагласил пак, дека Албанија мора да работи на спроведувањето на препораките од СЕ.
„Не е проблемот што тие препораки се даваат на Албанија за подобрување на правата на малцинствата, но проблемот е кај спроведувањето. Конкретно за образованието, ние како македонско малцинство ја следевме цела законска процедура. Конкретно во областа Голо Брдо, во едно училиште, има собрано 45 потписи од родителите, барајќи два пати неделно да се изучува македонскиот јазик во образовниот процес.“ – нагласил Стерјовски.
Од денес до 27-ми октомври е отворена за посетители изложбата „Стари балкански фотографии“ преку соработка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и Државен архив на Република Македонија Изл...
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлу...
На 18102026 во 03:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во ноќен клуб во Охрид, едно лице физички нападналo 39-годишно лице од Охрид Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.