Градоначалникот Јован Стојаноски, оствари протоколарна средба со градоначалникот на словенечкиот град Радлје Од Драви, Алан Буковик.
На средбата се разговараше за воспоставување на меѓусебна соработка во изработката на проекти финансирани од Европската Унија. Од страна на градоначалникот Буковик беа презентирани нивните искуства во оваа област, а се разговараше и за можна размена на административни работници кои ќе се обучуваат за изработка на проекти. Се разговараше и за аплицирање со заеднички проекти за организирање на културни настани и размена на фолклорни и музички ансамбл.
Градоначалникот Стојаноски, истакна дека општина Охрид во соработка со словенечкиот амбасадор во Република Македонија веќе имаат разговарано за испраќање на консултанти од Словенија кои што ќе имаат за задача да обучат одреден број на административни работници од општина Охрид, за подготовка, аплицирање и имплементација на проекти финансирани од Европската Унија.












