Како дел од редовните активностите на градоначалникот  Никола Бакрачески за подобрување на транспарентноста на локалната самоуправа и приближување на работата на локалната самоуправа  до граѓаните, викендов,  беше остварена средба со жителите на У.З “Радојца Новичиќ”.

На средбата, жителите ги изнесоа своите проблеми, при тоа давајќи и свои предлози за подобрување на квалитетот на живеење во оваа градска населба. Присутните граѓани искажаа задоволство од досега реализираните активности за подобрување на комуналната и патната инфраструктура во населбата, а градоначалникот Бакрачески уште еднаш ги потенцира насоките за подобрување на вкупните состојби на урбаните и руралните средини.

Средбите со жителите на општина Охрид продолжуваат. Предвидено е да се посетат сите урбани и месни заедници кои егзистираат на територијата на општината и соодветно за секоја ќе биде изработена програма за подобрување на комуналните состојбите во нив, која етапно ќе се реализира од буџетот на општината и од други извори.