
Меѓу другото во реакцијата се наведува- наместо да си ја признае вината и одговорноста дека тој и централната власт на ВМРО- ДПМНЕ ги оставија охриѓани без јавното здраство и дека градоначалникот Петрески бара решенија, Михаилов со наивни политички трикови сака грубо да манипулира со јавноста.
– Во текот на официјалната посета на збратимениот град Јалова во Турција , Петрески водеше сериозни разговори со врвот на еминентната болница „ Аци Бадам“ од Истамбул. Радосната вест е дека овој здраствен бренд е заинтересиран за изградба на модерен клинички центар во Охрид со 7 специјализирани клиники и неколку специјалистички одделенија. Секој паметен ќе се согласи дека со оваа иницијатива на градоначалникот Петрески се спасува она што го уништи ВМРО- ДПМНЕ и Михаилов. Ја уништија Општата, специјалната детска болница, Здраствениот дом , а очигледно поради чисто партиски интереси сакаат да ја уништат и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, велат од кабинетот на градоначалникот.
Градоначалникот Александар Петрески го повикува Михаилов попладнево 17 часот , на пливачкиот базен во СРЦ „ Атина Бојаџи“ , во присуство на новинарите , заеднички да ги проследат завршните работи на овој важен спортски објект и јавно да поразговараат за ефектите од посетата на Петрески на Турција.












