Како дел од проектот „Претприемништво, економски развој, партнерство- време е да дејствуваме за социјална инклузија“, во Општина Охрид се одржа „Мотивациски час за млади“

Мотивацијата е клучна за остварување на успех. Секоја млад човек која сака да ги оствари своите животни цели мора да ја поттикне својата самодоверба, да има позитивна мисла, јасна желба, знаење и мудрост. На мое големо задоволство денеска пред младите охриѓани имав можност да споделам искрени детали од мојот животен пат, во рамки на настанот ,,Мотивациски час за млади” вели градоначалникот Константин Георгиески.

Во рамки на настанот своите мотивациски приказни ги споделија и нашите познати сограѓани Михајло Филев, Марта Пејоска и Сузана Наумоска.

 

ОhridNews