Неполни 48 часа Охрид беше позитивна вест во земјата и регионот како прв град во кој е поставен паметен дигитален паметник посветен на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. Убавата во лоша вест ја претворија засега непознати лица кои синоќа околу 19:30 часот го оштетија споменикот откорнувајќи ги буквите од него, по што го одзеле и македонското знаме. Се обиле да стигнат и до  хардверот во што ги спречила силната метална заштита.

Вандалскиот чин го осуди градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. Тој, како и целокупната јавност очекуваат надлежните служби да ги пронајдат сторителите и истите да бидат изведени пред лицето на правдата.

За жал сведоци сме на девијантни појави од страна на поединци поради што размислуваме за воведување софистициран видео надзор на терироријата на целата општина, со цел во иднина да спречиме вакvи и слични инциденти. – изјави Пецаков.

Настанот го осуди и авторот на споменикот, професорот и научник Анис Сефиданис кој најави дека тимот кој работеше на ова дигитално обележје веќе работи на неговово повторно оспособување.

Се огласи и СВР Охрид од каде информираат дека во тек е интензивна активност за идентификување на вандалите и расветлување на случајот кој ја разбранува јавноста.

Истражните органи вршат распит на сведоци, а се прегледуваат и снимки од камери од околните објекти, кои треба да помогнат во откривањето на сторителите на срамниот чин.

OhridNews