На покана на компанијата „Костал“ , градоначалникот Кирил Пецаков и дел од советниците од Советот на Општина Охрид беа во посета на компанијата, информираат од општина.
Генералниот директор на „Костал“, Виктор Мизо, ги запозна присутните со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид. На средбата заедно беше заклучено дека е важна меѓусебната соработка и поддршка, додаваат во соопштението од Општина Охрид.

OhridNews












