Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецaков денес изврши увид на градежни активности кои се реализираат во Стариот дел на градот.

Активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“ се одвиваат деновиве. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде има потреба, информира градоначалникот.

На улицата „Бранко Шотра“ завршени се активностите за изведување на нова водоводна линија.

Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се постави нов цевковод од полиетиленски материјал во должина од 66 метри, вклучувајќи и поединечно преприклучување на сите објекти од улицата во новата линија, додава Пецаков.

Целосно се завршени и активностите за фугирање на потпорните ѕидови, зафат кој придонесува кон превенција од оштетување и рушење на ѕидовите.

OhridNews