Позитивен извештај во февруари од УНЕСКО очекува градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков потенцирајќи дека сите документи и работи поврзани со исполнување на мерките и препораките на УНЕКО се во тек, почнати или при крај.
Конечниот извештај за она што треба да го добиеме би било на една посебна тематска работа за која би разговарале сите заедно, бидејќи УНЕСКО и тоа што треба да го завршиме е комплексно и вклучени се многу институции најмногу од централното ниво заедно со Општина Охрид. Единствена работа за која сум екстремно задоволен во соработката со централната власт се доста заеднички размислувања и заеднички чекори во однос на мерките, ниту имам некаква кочница, ниту препрека, едноставно заеднички работиме и ги исполнуваме препораките и мерките кои сме ги добиле како забелешка во изминатиот период, рече Пецаков.
Според него, прецизно се знае кои министерства за што се задолжени, а за што Општината и Владата. Во однос на отстранувањето на депонијата Буково вели е регионален проект преку МЖСПП, додавајќи дека треба да се заме грант за формирање на Регионално претпријатие, а процесот бил закочен заради локацијата во Општина Новаци, каде општината имала некои барања за да биде завршено и префрлањето на таа регионална депонија, односно барале изградба на пат од страна на државата, но вели и тој процес наскоро ќе биде откочен.
Реално има одредени заостанувања, но има и доста работи во кои државата заедно со Општината напреднале така што врз основа на комуникациите имаше и неколку конференции каде имаше претставници на УНЕКО, разговаравме за сите тие работи и во иднина имаме уште доста да се работи за тој дел. Тековни се работите дали е тоа Студенчишкото Блато и Законот, дали е планот за Охридското крајбрежје, Планот за управување на Охрид, проектите за изградба пречистителна станица во Трпејца и изградба на фекална канализација во Горно и Долно Лакочереј и чекаат за реализација, потенцираше Пецаков.

Првата беше формирањето на она што треба да претставува регистар на дивоградби. Понатаму заеднички со Министерството за транспорт и врски и Владата откако ќе заврши конечно Планот за управување на Охридско крајбрежје, кој е суштински за понатамошниот тек и напредувањето во однос на препораките и мерките поставени од УНЕСКО, кои требаше да го завршат во декември 2021 година. Не е завршен, но откако ќе заврши следува процес, каде во кој реон и дали може да се вклопат во урбанистички планови. И последната фаза е конечното чистење, ќе остане одредена бројка која ќе има иднина понатаму како што државата и Општината ќе одредат согласно препораките на УНЕСКО, појасни Пецаков.
Н.С.Ј.












