Деветтата Дримска конференција се одржа во Тирана од 25ти до 26ти октомври, на која активно учество зеде и градначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Програмата е од исклучително значење за обезбедување на одржливо управување со сливот на Охридското Езеро како и обезбедување на поглема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен, вели Пецаков во објавата на фејсбук профилот.
Се радувам, додава Пецаков, што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и носолодирање на институционалните, политичките и правните рамки за решавање на прекуграничните прашања.
OhridNews












