Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот, која се одржа денеска во Охрид.

Одлуката за избор била донесена едногласно од сите присутни градоначалници, а согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.

Во рамки на конститутивната седница беше извршена верификацијата на мандатите на градоначалниците од регионот, беше усвоен Финансискиот план на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2026 година и се разговараше за значајни теми за развој на општините од регионот.

OhridNews