Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада „Ironman“ предизвикот долг 107 километри.
Градоначалникот Пецаков упати искрени честитки за неговиот подвиг, кој претставува голем спортски успех во историјата на Охрид, имајќи во предвид дека истиот е постигнат од толку млад човек. Со цел да го вреднува уникатниот спортски подвиг, градоначалникот му додели плакета со лична посвета на Марко, при што истакна дека со својата упорност и истрајност е гордост за Охрид и инспирација за целата заедница, информираат од Општина Охрид.


Во рамки на последниот „Ironman“ подвиг кој беше реализиран на 28-ми август 2025 година, Марко трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше велосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути од „Свети Наум“ до Охрид.
OhridNews












