Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, е хоспитализиран во Кардиолошкиот центар во Охрид. Тој во саботата, доцна вечерта бил примен со болки во градниот кош, по што му била извршена инвазивна коронарографија , при што било утврдено   затнување на мал крвен сад и му бил вграден стент. Според информациите од неговите најблиски соработници сега се чувствува добро.

Информацијата за OhridNews, ја потврдија официјални претставници на  Локалната самоуправа.

Првично беше соопштено дека поради нарушеното здравје градоначалникот Петрески извесен период нема да ги извршува работните обврски. Според последните,  непотврдени информации, можно е тој уште во понеделник да биде пуштен на домашно лекување.

OhridNews