Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, со предлог за покренување на иницијатива за распишување на референдум по однос предложената локација за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца.

– Ги повикувам советниците без разлика на политичката припадност, да дадат целосна подршка за дадениот предлог и донесат позитивна одлука за распишување на референдум, рече на денешната прес конференција градоначалникот Трајкоски.

Трајкоски воедно побара седницата за расправа да биде закажана по итна постапка, согласно законот.

OhridNews