Слободните и фер избори се најголемата придобивка на демократијата и граѓанското општество. Слободно изразената волја на секој граѓанин на Охрид значи потврда на ваквата придобивка и зацвртстување и унапредување на политичкиот систем како демократска и правна држава, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Бакрачески упати апел до сите граѓани во недела да излезат масовно да гласаат и да го остварат своето демократско право на глас.
– Слободоумно, ослободени од било каков вид на непринципиелно влијание од предрасуди и влијанија на непринципиелни и непосакувани сценарија и да ја дадат довербата на онаа политичка опција за која најмногу веруваат дека ќе ги реализира нивните погледи за развој на државата и најдобро ќе ги задоволи интересите на охриѓани и жителите на Македонија, рече Бакрачески кој очекува дека и овој пат граѓаните ќе покажат високо ниво на политичка зрелост.
Апел до граѓаните масовно да излезат на избори упати и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
– Општина Дебарца преставува место кое во историјата е значајно по слогата и мирољубието. Затоа, вас жителите на општина Дебарца во недела ве повикуваме во фер и демократска атмосфера да излезете на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори да го дадете својот глас, порача Трајкоски.
Т.К.