Првото новородено дете во охридско-струшкиот крај е машко. На свет дојде нешто по полноќ на 1-ви јануари. Среќните родители се охриѓани од турска националност, а породувањето е направено во Струга поради реконструкцијата на охридската општа болница.

Иако е обичај градоначалниците да ги посетат мајката и првороденото бебе и да ги даруваат, тоа овој пат не се случи. И Петрески и Мерко заборавија на овој симболичен гест со кој традиционално започнува Новата година.

Но, затоа  нашиот најмлад сограѓанин доби многу честитки од охриѓани и стружани кои по вестa за раѓањето на првото новороденче во 2012 што ја објави OhridNews постираа голем број коментари на нашиот Фејсбук профил и му посакаа најубави желби.

OhridNews